Руската полиција ги повлече сите обвиненија за трговија за дрога против истражувачкиот новинар Иван Голунов, чие апсење предизвика силни рекации во јавноста во земјата, јавува „Гардијан“.

Министерот за внатрешни работи, Владимир Колоколцев, рече дека одлуката е донесена поради недостаток на докази. Полицијата пак, истакна дека денес тој ќе биде ослободен од домашнен притвор. Голунов (36), се соочи со потенцијални 20 години затвор, што според многумина беше обид да се замолчи слободното новинарство и известувањето за корупција во Русија, сметаат од британскиот медиум.

Овој чекор на полицијата доаѓа по големата поддршка од руската јавност и од новинарската фела во земјата, како и од многуте музичари, артисти и јавни личности кои изразија поддршка за Голунов и повикаа на негово ослободување.