Крузерот „Гранд принцес“ со повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот е заглавен кај брегот на Калифорнија кога неколку десетици патници почнаа да покажуваат симптоми на коронавирус.

Хеликоптер на американската крајбрежна стража достави тестови за коронавирус на крузерот и се чекаат резултатите. Крузерот нема да може да влезе во пристаништето сè додека не пристигнат резултатите.

Драмата на крузерот почна кога беше откриено дека првиот човек што починал од коронавирус во Калифорнија претходно патувал со тој крузер.

На крстосувачот има 2.422 патници и 1.111 члена на екипажот.

„Гранд принцес“ патувал од Сан Франциско кон Хаваите, но патувањето било скратено кога маж во Калифорнија починал од коронавирус. Се утврдило дека човекот се наоѓал на крузерот од 11 до 21 февруари.