фото: илустрација

Повеќе од 10,500 политички активисти во Бангладеш беа уапсени во голема акција пред изборите во недела, пренесува „Франс прес“. Бројките на уапсените излегоа во јавноста на инсистирање на властите во САД, кои ја повикаа владата на премиерката на Шеик Хасина да овозможи слободно гласање на изборите. Хасина на престојните избори цели на рекорден четврти мандат како премиер на Бангладеш.

Опозиционерите во оваа земја пак инсистираат на тоа дека апсењата и казнувањата на активистите се со цел партијата на власт да створи „клима на страв“ во државата. Првиот опозиционер и лидер на Националистичката партија на Бангладеш Каледа Зиа кој отслужува 17-годишина затворска казна изјави дека 7 илјади активисти од неговата партија се уапсени.

Исламистичката партија на Бангладеш исто така изјави дека повеќе од 3,500 следбеници на неговата партија се во притвор. Важно е да се спомене дека Џамат-е-Ислами, лидерот на ова движење има забрана за учество на изборите, но членови на партијата учествуваат на неделното бирање на владата.