Ново истражување за ставовите кон миграцијата низ Европа покажа дека повеќе од половина од Швеѓаните велат дека не сакаат земјата да прима повеќе бегалци, што ја прави една од најскептични земји кон мигрантите, пренесува „Ел Паис“.

На околу 8.000 луѓе во Германија, Полска, Шпанија, Унгарија, Италија, Белгија, Франција и Шведска им биле поставени серија прашања, вклучувајќи го и прашањето: Дали се согласувате со изјавата: „Мојата земја не треба да прима повеќе бегалци од конфликтните области? “, на што 51 отсто од шведските испитаници рекле дека се согласуваат.

Додека Полска и Италија се изедначени со 53 отсто испитаници кои се согласуваат со изјавата, Шведска ја надмина дури и Унгарија, нација обележана поради нејзиниот силен антимигрантски став и политики, со 49 отсто.

Повеќе од една третина, односно 35 отсто, од испитаниците во сите анкетирани земји изјавиле дека миграцијата е најважното прашање со кое се соочува ЕУ денес, но само 14 отсто рекле дека Унијата успеала соодветно да се справи со мигрантската криза во 2015 и 2016 година.

Од друга страна, 41 отсто од Германците велат дека би примиле повеќе бегалци иако земјата беше најголем примател на мигранти во екот на мигрантската криза, и покрај предизвиците како растечкиот криминал, зголемените трошоци и слабата културна и економска интеграција.

Огромното мнозинство Швеѓани сметаат дека земјата оди во погрешна насока, при што многумина се загрижени за криминалот и имиграцијата.

За Шведска миграцијата, главно прашање на изборите е миграцијата уште од екот на мигрантската криза во 2015 година, а проблемот доминираше на националните избори во 2018 година.

Неколку извештаи во Шведска ги истакнаа проблемите околу масовната миграција, вклучувајќи и неопубликуван извештај претходно оваа година, кој покажа дека трошоците за зголемување на миграцијата што ги вети шведската влада претходно годинава ќе бидат многу поголеми од првично најавените.

Друг извештај, од шведскиот радиодифузер СВТ, обелодени дека во период од пет години мигрантите претставуваат 58 отсто од осудените за силување. Бројот се зголемува на 85 отсто кога ќе се земат предвид насилните силувања во кои жртвата претходно не го знаел сторителот