Антарктикот и Арктикот честопати покажуваат спротивни трендови, барем кога станува збор за морскиот мраз во последниот половина век.

Арктикот со децении покажува тренд на топење на мразот, толку постојан и драматичен што сега е симбол на климатските промени. Истовремено, на Антарктикот морскиот мраз постојано се зголемуваше до 2014 година.

Но, според една нова студија во која се користени сателитски податоци, од 2014 година нивоата на морско мраз на Антарктикот се намалени. Сега, Антарктикот го надминува својот северен конкурент со алармантна стапка – континентот изгуби исто толку морски мраз во последните четири години колку што Арктикот изгубил во последните 34 години.

Студијата утврди дека брзото топење на мразот го намали антарктичкиот мраз на најниско ниво во последните 40 години.

Најекстремното топење на мразот беше забележано во 2016 година. Авторката на студијата, Клер Паркинсон, верува дека за тоа постојат неколку причини, вклучувајќи ги и екстремно високите температури и ослабениот поларен вортекс.