Најмалку 11 лица загинаа, а повеќемина се повредени во оружен напад во училиште во рускиот град Казањ, според првичните информации.

Евакуацијата на децата од училиштето е во тек.

Претходно беше објавено дека непознати лица отвориле оган во близина на образовната институција, а подоцна се слушнала и експлозија.

Весникот „Газета“ наведува дека специјални единици влегле во училишниот двор и дека еден од сторителите, кој наводно е тинејџер, е уапсен. Според порталот „База“, еден од напаѓачите 19-годишник кој наводно матурирал во тоа училиште.

Се појави и информација дека друг напаѓач бил застрелан. Инаку, градот Казањ е главен град на руската република Татарстан.