Во експлозија и пожар кој што избувнал на американски брод во Калифорнија повредено е 21 лице, соопштија локалните власти.

Американските медиуми прикажаа снимки на кои се гледа густ чад од бродот „Боном Ричард“, кој се наоѓал во пристаништето Сан Диего, каде што бил на ремонт.

Експлозијата, чија причина не е позната, се случила додека во авионот имало 160 морнари. Според властите, 17 морнари и четворица цивили се повредени, а сите биле однесени во блиската болница. Медиумите објави дека неколку полицајци се повредени по вдишување чад.