Талибанците денеска одржаа победничка воена парада во Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, каде што беше основана исламистичката група.

„АФП“ наведува дека голем број американски воени возила, како што се „хамви“, камиони и транспортери, возеле низ градот на парадата. Најмалку еден американски воен хеликоптер „Црн сокол“ исто така е виден над градот.

Сите овие возила, оружје и опрема ги зедоа талибанците откако брзо го освоија целиот Авганистан, а армијата на таа земја, која беше опремена од Американците, се предаде.