Градоначалникот на Москва, Сергеј Соњањин потпиша уредба со која плоштад во близина на седиштето на руската разузнавачка служба СВР, ќе биде именуван по Британецот, Ким Филби, кој беше најуспешен советски двоен шпион за време на Студената војна.

Филби се приклучи на британската разузнавачка служба МИ6 во 1940 година, а потоа беше на чело на контраразузнавачка единица и беше разузнавач за врска со САД.

Филни пребегна во Советскиот Сојуз во 1963 година, каде и почина во 1988 година.