Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ ќе се соочи со еден од најголемите штрајкови на пилотите најавен за следната недела откако одби да ги продолжи преговорите со синдикатот „Балпа“.

Пилотите најавија дека ќе штрајкуваат в понеделник и вторник, како и на 27 септември, поради несогласувања во врска со платите.

Штрајкот би можел да опфати околу 90 проценти од 4,3 илјади вработени во „Бритиш ервејс“.

Синдикатот соопшти дека пилотите на британската авиокомпанија за првпат ќе штрајкуваат, што може да предизвика следната недела да бидат откажани 1.600 летови, што би загрозило неколку илјади патници.