Вработен упадна во седиштето на пивницата „Молсон Корс“ и уби пет колеги, по што се самоуби. Станува збор за еден од најтрагичните оружени напади во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин, соопштија властите.
Компанијата не го идентификува 51-годишниот напаѓач и објави само дека станува збор за лице што сѐ уште било вработено во пивницата. Неговите мотиви сѐ уште се непознати. Тој го извршил нападот во попладневните часови, додека стотици вработени сè уште биле на работа, јави Би-би-си.

Полицијата соопшти дека сите жртви биле вработени во компанијата и биле најдени во иста зграда. Началникот на полицијата на Милвоки, Алфонсо Моралес, ги пофали полицајците, агентите на ФБИ и пожарникарите бидејќи брзо реагирале на нападот. За време на инцидентот, околните училишта и компании набрзина биле затворени и блокирани, објавија локалните медиуми.