Петнаесет мигранти загинаа, а најмлку 274 се повредени во сообраќајна несреќа во источната турска покраина Ван, соопштија властите.

Меѓу загинатите повеќето биле деца, изјави гувернерот на покраината Емин Билмез, пренесе „Дејли Сабах“.

Несреќата се случила кога комбе кое превезувало илегални мигранти паднало во провалија порај автопат во близина на градот Озлап, недалеку од границата со Иран.