Пет мажи беа притворени поради напад со сулфурна киселина врз украинската активистка против корупција, Катерина Хандзук (33).

Хандзук почина во ноември минатата година, три месеци откако беше нападната во јужниот украински град Керсон.

Таа објави видео во септември, барајќи од луѓето да се борат против корупцијата, велејќи: „Знам дека изгледам лошо, но изгледам подобро од правдата во Украина“.

Хандзук беше советничка на градоначалникот на Керсон. Таа отворено зборуваше за наводната корупција и за одбраната на локалните шуми од нелегална експлоатација.

Како резултат на нападот, 30 отсто од телото на Хандзук беше изгорено, а таа помина низ 16 операции пред да ја загуби битката за живот.

Синоќа судот во Украина ги осуди петтемината на затворски казни меѓу три и шест и пол години.

Координаторот на нападот, Серхиј Турбин доби најголема затворска казна, а напаѓачот Микита Храбчук шест години. Тројцата соучесници – Виктор Хорбунов, Владимир Васијанович и Виачеслав Вишневски добија по три до четиригодишни затворски казни.

Сите пет мажи претходно се изјаснија за виновни и се спогодија со обвинителите.