Најмалку пет лица се повредени во пожар што изби откако ракета погоди една куќа северно од Тел Авив, соопшти утрово израелската полиција.

Израелската војска без да наведува детали соопшти дека е регистриран ракетен напад од Појасот Газа.

Погодената куќа се наоѓа во Мишмерет, село 80 километри од Појасот Газа, кое е ретко мета на ракетни напади.