Петмина независно избрани истражители го насочија вниманието кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп, што е знак дека неговите правни проблеми се трупаат, бидејќи тој веќе не ужива во некогашната заштита што му ја пружал Овалниот кабинет, пишува Си-ен-ен.

Трамп се соочува со истраги од страна на новоизбраните истражители од Џорџија до Њујорк и Вашингтон. Повеќето се демократи, но клучната истрага во Џорџија била покрената од републиканец кој се соочил со жестоки критики од страна на Трамп по неговиот избор.

Постапките на Трамп при напуштањето на функцијата, вклучувајќи ги обидите за поништување на изборните резултати и наведување на поддржувачите со тврдењата за изборна измама без основа, само придонесоа за неговите правни проблеми, наведува Си-ен-ен.

– Ова не се случило досега, но секој од овие обвинители има повеќе од доволна основа за да спроведе истрага – вели Даниел Алонсо, кој беше заменик на обвинителот на Менхетен од 2010 до 2014 година.

Засега има знаци дека истрагите се засилуваат. Во Њујорк, истражителите неодамна добија пристап до даничните пријави на Трамп и го засилија својот тим со обвинител кој е специјализиран за комплексни финансиски случаи. Во Џорџија друг обвинител планира да почне со барање на судски покани за составување порота. А обвинителот на Менхетн, Сајрус Венс, ги истражува финансиите на Трамп веќе две години.

– Светот се смени за Трамп, во правна смисла, сега кога веќе не е претседател. Трамп проба да ги одложи приватните тужби против него, тој се обиде да ги одложи судските покани додека беше претседател. Тоа помина и сега гледаме повеќемина истражители, федерални и државни, кои копаат и го насочуваат вниманието кон Доналд Трамп – заклучува Ели Хониг, поранешната обвинителка и правна аналитичарка на Си-ен-ен.