Возило влета во толпа луѓе на парада во предградие на Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Властите во Ваукеша, градот во кој се случи нападот, јавија дека најмалку пет лица се загинати и повеќе од 40 биле повредени. Засега, според американските медиуми, едно лице е приведено, а сѐ уште не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам, но полицијата информираа дека сѐ уште има опасност за населението. Властите јавија дека итната помош пренела 12 деца и 11 возрасни во болниците, а голем број од повредените биле префрлени во болници од страна на нивните семејства и пријатели. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како црвено теренско возило со голема брзина се движи кон задниот дел на парадата. Друго видео покажува како полицијата отвора оган врз возилото додека минува низ уличните бариери. Началникот на полицијата во Ваукеша, Ден Томпсон, потврди дека полицијата пукала во возилото, но додаде дека во престрелката никој од посетителите на парадата не бил повреден. Тој нагласи дека од возилото не бил испукан ниту еден истрел.