Силна песочна бура викендов ја погоди Анкара и околината.

Според последните податоци, најмалку шест лица се повредени во невремето.
Невремето најпрво го погоди регионот Полатли, каде имаше прекин на електричната енергија, а подоцна се прошири и во Анкара. Ветерот беше толку силен што уништи покриви на голем број згради.

Градоначалникот на Полатли, Мурсел Јилдискаја рече дека за време на невремето избувнале и неколку пожари.

„Никогаш не сме доживеале вакво нешто“, рече тој.