Руската Влада не спроведува цензура во медиумите во Русија, а во врска со ограничувањето на странското сопствеништво во средствата за информирање ја применува универзалната пракса, која е соодветна и легитимна, изјави денеска рускиот портпарол Дмитриј Песков.

-Нема цензура, тоа е сигурно, нагласи Песков.

-Кај ограничувањата за странско сопствеништво во медиумите за странци и граѓани, кои имаат странски пасоши, се применува праксата, која ја користат различни земји ширум светот. Прагот на сопствеништво може да се разликува, но самата идеја е апсолутно соодветна, истакна Песков.

Според него, медиумите имаат слобода на говор, но, покрај тоа, треба да имаат и одредена одговорност како најмоќен инструмент во обликување на јавното мислење.

-Ќе биде погрешно да им се дозволи на странските државјани да поседуваат такви ресурси во земјата, посебно во текот на актуелната декада на агресивна атмосфера, заклучи Песков.