Москва цврсто останува на ставот во однос на поддршката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ставот на Кремљ не е променет, изјави Песков, коментирајќи го пишувањето на агенцијата Блумберг дека Москва наводно почнала да се сомнева во неопходноста од пружање поддршка на венецуелскиот претседател.

Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори блиски на Кремљ, вчера објави дека Русија почнала да „покажува знаци на сомневање во способноста на Мадуро да може да го преживее предизвикот на опозицијата“.

На прашањето дали Кремљ се подготвува да помогне при евакуација на Мадуро од Венецуела, Песков одговори одречно.

– Не. Тоа прашање не е покренато, ниту, пак, за тоа се разговарало, истакна Песков.