Американската армија ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на однесувањето на Иран во регионот, и се уште проценува дали тоа би можело да вклучи нови акции или удвојување на постоечките, соопшти денеска Пентагон.

– Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да му се спротивставиме и да го спречиме иранското малигно влијание во регионот – изјави портпаролот на Пентагон, полковник Роберт Менинг.

Тој додаде дека Пентагон проценува дали да ги удвои постоечките акции или да примени нови.

Менинг не прецизира на каков вид акции мисли.