Пентагон развива нови воени опции за Венецуела, чија цел е одвраќање на руското, кубанското и на кинеското влијание во режимот на претседателот Николас Мадуро, но без вклучување на воени дејствија, според извор упатен во состојбата, пренесува Си-ен-ен.

Мерките се наредени по состанок во Белата куќа одржан минатата недела, на кој советникот за национална безбедност Џон Болтон му кажал на секретарот за безбедност Патрик Шанахан да осмисли идеи за венецуелската криза. Првичните фази на планот се осмислени од Здружениот комитет на началници на штабовите.

Повеќемина официјални лица од Пентагон, наводно, истакнуваат дека нема иницијатива за употреба на воена сила во јужноамериканската држава, и покрај најавите на државниот секретар Мајк Помпео оти „сите опции се на масата“. Ниту американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да испраќа војска во Венецуела, според последните информации.

Меѓу опциите за спречување на противниците се спомнуваат американски поморски вежби во регионот за да се нагласи потребата за хуманитарна помош и за зголемената воена интеракција со соседните држави. Цел претставува спротиставување на руските, кубанските и кинеските намери, според кои тие имаат неоспорен пристап во регионот. По прелиминарната фаза, планот би требал да биде претставен во Белата куќа. 

Кина, Русија, но и Иран ја оправдуваа својата поддршка за Мадуро, додека САД ги критикува поради помагањето на венецуелскиот лидер кои тие сакаат да го отстранат од власт, објави „Њузвик“.