Зголемената активност на Кина во Арктикот може да доведе до зголемено присуство на американската војска, вклучувајќи и распоредување на подморници како превентивна одбрана од нуклеарен напад, според извештајот на Пентагон, објавен денеска.

Извештајот на Пентагон е реакција на официјалниот план на Кина за Арктикот, кој беше објавен во јуни минатата година, објави „Ројтерс“.

Кина планира да воспостави т.н. Поларен пат на свилата, бидејќи одредени патишта беа отворени поради глобалното затоплување.

Кина сè повеќе ја зајакнува својата активност во Арктикот и стана набљудувач во Арктичкиот совет во 2013 година, што предизвика загриженост за долгорочните стратешки цели на Пекинг.