Претставници на Министерството за одбрана на САД велат дека околу една третина од припадниците на вооружените сили одбиле да примат вакцина против коронавирус.

Генерал-мајор Џеф Талиаферо ги презентираше овие информации пред американскиот конгрес. Тој рече дека околу две третини од припадниците на вооружените сили ја прифаќаат вакцината, но подвлече дека ова се само првите податоци што ги има Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека нема детални податоци во врска со вакцинацијата меѓу припадниците на вооружените сили. Тој потврди дека 916.000 припадници на американската армија примиле вакцина против коронавирусот.

Стапката на одбивање е слична на онаа кај општата популација.