Единаесет американски војници се повредени во ракетниот напад од страна на иранската војска врз ирачката база Ал Асад, соопшти портпаролот на Централната команда во Пентагон, капетанот Бил Урбан.

Притоа, тој го негираше тврдењето на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека во нападот нема повредени војници и дека е направена само мала материјална штета.

Урбан изјави дека во деновите по ракетниот напад, како мерка на претпазливост, осум војници биле пренесени во еден медицински центар во Германија, додека тројца биле пренесени во болница во Кувајт.

Тој не откри какви се повредите.