Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави дека САД сакаат да разговараат со Иран за нуклеарната програма и не бараат војна.

-САД не сака војна со Иран. Ние сме подготвени да зборуваме. Ние сме подготвени да слушаме, но Америка нема да се повлече, порача Пенс.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп е подготвена да ги заштити американските интереси и животи.