Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп е голем пријател на канадскиот народ и дека односите меѓу двете соседни земји никогаш не биле посилни.

-Претседателот Трамп и јас веруваме дека односите меѓу САД и Канада никогаш не биле посилни и тоа е огледало на неговото и на вашето водство- рече Пенс на состанокот со канадскиот премиер Џастин Трудо, објави АП.

Пенс ја посети Отава во надеж дека ќе добие поддршка за новиот американски трговски договор со Канада и Мексико.