Американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека Американците „по секоја цена“ повторно ќе слетаат на Месечина во следните пет години.

Тој додаде дека „предизвикот“ го прифатиле највисоките претставници на американската вселенска агенција НАСА.

– Денес сме во вселенска трка, исто како што бевме во 60-тите години, наведе Пенс на состанокот на Националниот совет за Вселена во Хантсвил, Алабама.

НАСА претходно соопшти дека планира повторно да испрати астронаути на Месечината до 2028 година.