Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа изјави дека поминало времето за дијалог со Венецуела, како и дека сите опции се на маса.

– Ова не е време за дијалог. Ова е време за дела. Дојде време да се стави крај на диктатуратана Мадуро еднаш за секогаш – посочи Пенс.

Кризата почна откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро минатиот месец го почна вториот мандат по изборите во 2018 година, за кои опозицијата тврди дека се наместени, а опозицијата почна масовни протести. А, лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела.