Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси изјави дека нема намера да отпочне постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Според неа, тоа може да се случи само ако се појават нови категорични сведоштва против претседателот.

–  Импичментот ќе предизвика таква поделба во општеството, што ако не се појави нешто толку убедливо и категорично што ќе даде универзална поддршка за општеството за таков чекор, не мислам дека треба да одиме по тој пат-рече Пелоси како одговор на новинарско прашање.

Прашањето за импичмент на претседателот беше покренато јавно од неколку конгресмени од Демократската партија, според кои некои активности на Трамп, вклучително и истрагата во мешањето на руската афера, се основа за негово отповикување.