Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси го обвини „Фејсбук“ дека не ја отстранил лажнaта снимка на која изгледа како да е пијана или болна.

Пелоси рече дека веќе не се сомнева дека Фејсбук „несвесно” шири лажни информации, туку дека оваа социјална мрежа служи како соучесник и дозволува лажни информации.

Асошиетед прес (АП) објави дека во интервју за Си-ен-ен, Моника Бикерт, еден од директорите на „Фејсбук“, ја бранеше одлуката на компанијата, велејќи дека им било кажано на корисниците дека тоа е лажна снимка.

Агенцијата наведува дека компанијата не забранува споделување на лажни информации, туку Фејсбук наместо тоа „го намалува” количеството на таков материјал за да го направи помалку истакнат.

Се тврди дека компанијата, исто така, се ангажира вклучувајќи надворешни проверки на фактите, вклучувајќи го и Асошиетед прес (АП), се со цел да се утврди вистинитоста на материјалот.