Ерменскиот премиер Никол Пашинијан вели дека Ерменија е подготвена на отстапки во конфликтот во Нагорно-Карабах, доколку таква подготвеност постои и на страната на Азербејџан.

– Конфликтите треба да се решаваат врз основа на меѓусебни отстапки. Нагорно-Карабах е подготвен, Ерменија е подготвена на реципрочни отстапки на кои е подготвен Азербејџан – рече Пашинијан во интервју за француската агенција АФП.

Вооружениот конфликт меѓу ерменските и азербејџанските сили околу спорниот регион Нагорно Карабах влезе во десетти ден. Се убиваат и цивили, и обете страни објавуваат секој ден дека напредуваат во борбата против непријателот.