Во Република Ирска денеска се избираат 160 претставници на Долниот дом на парламентот, кои потоа ќе го изберат претседателот на Собранието.

Утринава беа отворени избирачките места на парламентарните избори. Избирачките места ќе бидат отворени до 22 часот. За првпат општите избори се организираат во сабота.

За владата да го постигне потребното мнозинство на поддршка, потребни и се 80 пратеници.