Во говорот од 2017 година во кој најави дека ќе ги повлече САД од Парискиот климатски договор, претседателот Трамп рече дека одлуката била донесена за да ја „исполни неговата свечена должност за да ги заштити Америка и нејзините граѓани“. Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, потоа го поздрави Трамп „затоа што нанел уште еден значаен удар на нападот на администрацијата на Обама врз домашното производство на енергија и работните места“.
Повлекувањето од договорот наиде на негодување кај другите светски лидери и експерти за климатски промени. Меркел, Макрон и Џентилони, од Германија, Франција и од Италија, излегоа со заедничка изјава во која порачаа дека „динамиката што се создаде во Париз во декември 2015 година не може да се промени и цврсто веруваат дека не може повторно да се преговара за Парискиот климатски договор, бидејќи е клучен инструмент за планетата, општествата и за економиите“.
Минатата недела заврши долгогодишниот процес за формален излез од договорот, со тоа што САД се единствената држава во светот што е надвор од договорот.