Француските власти соопштија дека ќе обезбедат 15 милиони евра за олеснување на професионалната интеграција на бегалците, кои честопати се жалат дека е тешко да најдат работа во земјата домаќин.

– Програмата е наменета за 4.000 до 5.000 бегалци и започнува во 2019 година, а ќе се прошири во наредните години, изјави министерката за труд, Мјуриел Пенико. – Некои бегалци имаат квалификации, но доаѓаат од земји чии дипломи не се признати овде или бараат дополнителна обука, додаде таа.

Повеќе од 39 проценти од бегалците кои пристигнуваат во Франција немаат професионална квалификација.

– Но, оние луѓе кои преживеаја војна и прогон, имаат храброст и подготвеност да учат и да имаат професионални вештини кои се многу барани, а нема многу кандидати, така што комбинирањето на побарувачката и понудата може да им користи на сите, додаде Пенико.

Во 2017 година Франција обезбеди засолниште на 43.000 луѓе.