Фото: Пиксабеј

Пaриз го откажа новогодишниот огномет и другите новогодишни настани, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на варијантата омикрон на коронавирусот.

Францускиот премиер, Жан Кастекс, објави забрана за големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за ковид-19 пред новогодишните забави.

Кастекс изјави дека омикронот се шири со молскавична брзина и оти најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.

Франција имаше 58.128 нови случаи на зараза во петокот, со 162 смртни случаи, покажуваат официјалните бројки.