Стотици луѓе маскирани како поранешната аргетинска прва дама Ева Перон одеа по улиците на Буенос Аирес еден ден пред денешната прослава на 100-тиот роденден на оваа харизматична жена.

Позната како Евита, Ева Перон беше запаметена како „заштитник на сиромашните” и лице кое им помогна на жените да добијат право на глас.

Перформансот на улиците на Буенос Аирес заврши во понеделникот кај зграда со голем портрет на Евита.

Ева Марија Дуарте е родена на 7 мај 1919 година и почина од рак во 1952 година на возраст од 34 години. Таа работела како актерка кога се омажила за Хуан Перон, генерал и два пати аргентински претседател.