Вулкан се активира на островот Манам, во Папуа Нова Гвинеја, поради што денеска околу 2.000 луѓе беа евакуирани, соопшти Националниот центар за вонредни состојби. 

Вулканот на островот Манам е еден од најактивните во таа област, а на островот живеат околу 9.000 луѓе.

Д осега нема извештаи за повредени. 

– Три села се најдоа на патот на лавата, па жителите беа евакуирани – рече директорот на Центарот за вонредни ситуации, Мартин Моуз. 

Над вулканот, се издигна столб од чад и пепел, висок 15 километри.