Папата Франциск денеска ја повика меѓународната заедница да реагира решително и брзо за да ги спречи трагедиите на мигрантите на море.

Папата изрази жалење поради неодамнешните трагедии што се случија во Средоземното Море при преминувањето на мигрантите од Африка до европско тло.

– Безбедноста, почитувањето на човековите права и достоинството на сите мора да биде загарантирано – изјави поглаварот на Римокатоличката црква.