Папата Франциско ја назначи Французинката Натали Беквар за потсекретар на Бискупскиот синод, прва жена на таа функција којашто има право да гласа, пишува Гардијан.

Натали Беквар е една од двете нови потсекретарки именувани во синодот, тело кое се занимава со главните прашања на доктрината и во кое е советник од 2019 година.

– Назначувањето на Беквар ја покажува желбата на понтифот за поголемо учество на жените во процесот на разбирање и донесување одлуки во црквата – рече генералниот секретар на синодот, кардиналот Марио Греч.

Во работата на синодот учествуваат епископи и кардинали кои имаат право на глас, како и експерти кои не можат да гласаат.