Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој поради настинка веќе неколку дена ги откажува аудиенциите и учеството на мисите, не е заразен со коронавирус, пренесе италијанскиот весник „Месаџеро“.

Папата се тестираше на коронавирусот бидејќи настинката не му поминува со денови, има температура и кашла.

Портпаролот на Ватикан, Мето Бруни не сакаше да го коментира пишувањето на римскиот весник.

Папата пред пет дена, за време на миса киваше и кашлаше, што предизвика шпекулации за неговата здравствена состојба.

Ројтерс потсетува дека 83-годишниот папа уште пред неколку децении поради болест отстранил дел од белодробното крило.