Папата Франциск испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска да ги стават луѓето, наместо обичната борба за моќ или профит, во срцето на јавната политика.

Тој вели дека форумот дава можност за арена во која политичката волја и меѓусебната соработка можат да бидат водени и зајакнати со надминување на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација кои, како што наведува, за жал карактеризираат голем дел од нашата современа дебата.

Папата Франциск, исто така, побара зајакнување на солидарноста со оние што страдаат од социјална или економска нееднаквост и чија егзистенција е загрозена.

На форумот во Давос што почна денес, папата го претставува ватиканскиот кардинал.