Папата Франциск изјави дека денес се моли за жртвите од земјотресот во Албанија.

Во неделното обраќање на плоштадот „Свети Петар“, папата Франциск рече дека Албанија е првата европска земја што сакал да ја посети, јавуваат агенциите.

Албанија вчера беше погодена од низа земјотреси, од кои најсилниот беше земјотресот со јачина од 6,4 степени, а досега се регистрирани 29 жртви и над 650 повредени.