Папата Франциск денеска во својот „папамобил“ провозе осуммина деца од мигранти, кои неодамна стигнале во Италија од Либија.

Франциско ги повика децата, кои доаѓаат од Сирија, Нигерија и Конго, на почетокот од неговата неделна аудиенција и го насочи „папамобилот“ на рута околу плоштадот Свети Петар со нив на задното седиште.

Децата биле бескрајно радосни и мавтале наоколу пред да се збогуваат од папата со прегратки и селфи, објави агенцијата АП.

Ватикан објави дека повеќе деца пристигнале во Италија на брод со имигранти пред неколку месеци, додека други допатувале на 29 април со своите семејства преку хуманитарни коридори.

Франциск се соочува со тврдокорната италијанска влада околу потребата мигрантите да се прифатат и да се интегрираат во општеството.

Агенцијата потсетува дека од патувањето во Грција во 2016 година, папата се врати со десетина Сиријци во својот авион.