Папата Франциско уште еднаш побара прошка за сите видови злоупотреба на службената положба, извршени од членови на црквата и нејзините институции.

Папата тоа го изјави за време на мисата пред 500.000 луѓе, кои се собраа во паркот во Даблин. Тој им рече дека вчера се состанал со осум жртви на сексуални напади извршени од страна на црковни лица. 

– Молам за прошка за времето, поминатото без да биде покажано сочувство кон жртвите,  рече тој.    

– С е молиме за прошка на луѓето на лидерски позиции во црковната хиерархија, кои не презеле акција против овој вид злоупотреба, рече папата.