Папата Франциск во документарц кој денеска беше премиерно прикажан изјави дека геј луѓето треба да можат да го легализираат своето партнерство, пренесува „Ројтерс“. Тоа е една од неговите најдиректни изјави за поддршка на хомосексуалците.

– Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се Божји деца и имаат право на семејство. Неопходно е да се донесе закон за граѓански брак. На тој начин, тие ќе бидат законски опфатени. Јас се залагам за тоа – рече папата во изјавата, со тоа поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата Франциск овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франциск“, што беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим и се занимава со ликот и делото на сегашниот папа.

Авторката на филмот, Евгени Афинеевски, вели дека папата ја изразил својата поддршка за ЛГБТ-правата за време на интервју направено за потребите на документарниот филм.

Неговата директна поддршка за геј заедницата претставува израз на сосема поинакво гледиште од неговите претходници, но е и значајна промена во неговите претходни лични ставови.