Папата Францис донираше половина милион долари за помош на мигрантите во Мексико и локалните организации кои обезбедуваат храна, засолниште и останати средства за живот.

Во Мексико минатите месеци стигнаа илјадници мигранти од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, меѓутоа американските власти не им допуштаат да влезат во САД, пренесе „Гласот на Америка“.

Помошта од Папата е наменета за над 75.000 лица кои во Мексико стигнале лани.

– Сите тие се заглавени на границата, без дом и основни средства за живот, а без можност да влезат во САД – наведе Ватикан во соопштението.