Папата Франциско го повика светот да се ослободи од нуклеарната енергија доколку сака иднината да им ја остави на идните генерации.

– Мораме да донесеме важни одлуки за користење на природните ресурси, а особено на идните извори на енергија – порача папата во конгресниот центар во Токио.

Тој во Токио се сретна со преживеаните од разорниот земјотрес, цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Речиси 18.000 луѓе умреа или се сметаат за исчезнати по таканаречената тројна катастрофа кога со силен потрес почна серијата катастрофи, чии последици граѓаните на Јапонија ќе ги чувствуваат следните децении.

Земјотресот што тогаш ја погоди Јапонија беше со јачина од 9,3 степени по Рихтер, а потоа оваа островска земја ја погоди разорно цунами поради што дојде до нуклеарна катастрофа во електраната „Фукушима“.

Поради зрачење, 160.000 луѓе се раселија, а ни денеска 40.000 од нив не се вратени.

Папата се сретна и со царот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе.