Во напад на паника поради коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици кои ги објавија медиумите се опишуваат како „напад на продавниците“.

Во земјата се пријавени повеќе од 200 случаи на зараза со коронарнавирус и шест смртни случаи.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека 50.000 жители во 12 града во северна Италија би можеле да поминат неколку недели целосно отцепени.

Локалното население, како што пишуваат медиумите, веднаш започнало со купување на резерви храна. Голем број луѓе се појавија пред супермаркетите носејќи маски, а се формираа и долги редици за купување.

Покрај вода и храна што имаат подолг рок на траење, се распродаваат и гелови за дезинфекција на рацете. Се очекува дека наскоро би можело да има недостиг и на флаширана вода.