Европските влади создадоа пракса за ангажирање на странски технолошки компании за надгледување на сопствениот народ, за што најчесто ги користат услугите на американски фирми за анализа на податоци или на кинески фирми за видео-надзор, пишува „Политико“ повикувајќи се на извештајот наречен „доба на надзор“, кој се осврнува на користењето на вештачка интелигенција. Трендот стана актуелен во текот на изминатата година со ширењето на коронавирусот, дури и додека ЕУ пропагира „стратешка автономија“, со што многумина го поставуваат прашањето како се заштитени приватните податоци на Европејците.

Во процесите е вклучена компанијата за анализа на податоци „Палантир“ покрената од основачот на „Пејпал“ Питер Тил. Оваа компанија им понуди на европските влади бесплатни или евтини зделки за платформи за анализа на податоци кои би им помогнале во борбата против ковид-19. Грција, Холандија и Обединетотот Кралство, на пример, се меѓу државите кои ја користеа таквата технологија за сузбивање на заразата, според извештајот. Франција исто така ја ангажирала компанијата на Тил по терорирстичките напади во 2015 година.

Кога европските национални власти имале потреба за следење на ширењето на коронавирусот, тие се обратиле и до кинеската компанија „Хиквизион“ која е најголемиот светски произведувач за технологија за надзор. Европската комисија и Европскиот парлемент ги кориселе системите на компанијата за проверка за можни симптоми на ковид-19 кај луѓето кои влегуваат во институциите на ЕУ. Системите беа отстранети од Европскиот парлемент откако се појавија негодувања за нивната употреба.

Израелската фирма за сајбер-безбедност „Селебрајт“ се пофали како неоспорен лидер во сферата на истражувачкото дигитално разузнавање, за што како доказ ги истакна речиси седумте илјади договори со влади и приватни компании кои вклучуваат полициски служби на 25 од 27-те членки на ЕУ.