„Амнести интернешенел“ објави извештај за смртните казни и егзекуции изречени во 2020 година, а во него се истакнува дека Иран, Саудиска Арабија и Ирак егзекутирале помалку лица, но е забележан пораст во Египет. Другите држави како Кина, Египет и САД ги зголемиле егзекуциите. Покрај Кина, Иран со 246, Египет со 107, Ирак со 45 и Саудиска Арабија со 27 егзекуции се меѓу првите пет држави во светот каде што важи смртната казна. Четири други држави, освен Кина, сочинуваат 88 отсто од вкупните егзекуции за 2020 година.
САД ја извршија својата прва федерална егзекуција по 17 години кога Даниел Луис Ли доби смртоносна инјекција. Вкупно 10 лица беа осудени на смртна казна во период од пет и пол месеци откако поранешниот претседател Доналд Трамп ги обнови федералните егзекуции. Поради тоа што податоците на Кина за егзекуциите се сметаат за државна тајна што спречуваат независен надзор, „Амнести интернешенел“ не ги вклучува нејзините бројки. Генералната секретарка на организацијата, Агнес Каламард, изјави дека лидерите во 2021 година треба целосно да ја укинат смртната казна.